Златокоса

Браќа Грим
23/02/2024

Златокоса е убава приказна за деца во која триумфираат љубовта и добрината. Принцот ја наоѓа Златокоса во високата кула и се качува до неа користејќи ја нејзината долга коса.

Некогаш одамна во една далечна земја, живееле маж и жена. Тие многу се сакале но никако не можеле да имаат деца, иако тоа била нивната најголема желба во животот. Затоа, мажот и жената секогаш потајно се надевале дека еден ден небото ќе им ја исполни желбата, без разлика колку е тешко да се оствари.

Куќата во која живееле мажот и жената имала мал прозорец од задната страна. Од тој прозорец имале поглед на прекрасна градина, полна со најубави цвеќиња и растенија. Но, не им било дозволено да влезат во таа градина бидејќи била опкружена со висок ѕид и припаѓал на една стара вештерка. Вештерката била многу моќна, но била и злобна, па сите многу се плашеле од неа, особено нејзините најблиски соседи.

Сепак, иако се плашела од вештерката, жената често стоела на прозорецот и гледала во прекрасната градина. Пролетта, во градината здогледала зелена салата, толку зелена и свежа што жената веднаш ја совладала желбата за салата. Секој ден желбата за зелена салата растела и жената копнеела пред прозорецот и гледала во градината. Ништо друго не ѝ се јадело, само сакала да јаде зелена салата. Целата била пресушена и ослабена многу затоа што не јадела ништо од копнеж по зелена салата.

Еден ден нејзиниот сопруг ја нашол на прозорецот и видел колку е слаба и бледа, па ја прашал што се случило со неа. Таа во агонија одговорила дека ќе умре ако не изеде малку од таа волшебна зелена салата од градината на вештерките. Мажот многу ја сакал својата сопруга и тешко му било да ја гледа како страда така, па решил да и донесе дел од таа магична зелена салата.

Штом паднало ноќ сопругот се охрабрил, ја прескокнал оградата и отишол право во градината на вештерката. Брзо скинал од зелената залата и истрчак надвор пред да го види лошата вештерка. Мажот само што дошол дома жената веднаш направила салата и ја изела.

Но, тоа не ја задоволила нејзината желба за зелена салата. Следниот ден се разбудила уште посилна, бидејќи сега жената знаела колку е вкусна салатата од градината на старата вештерка и уште повеќе сакаше да јаде. На сопругот не му останувало ништо друго освен да се врати во забранетата градина за да земе повторно од зелената салата. Вечерта, штом сонцето зајдело, повторно бил таму, скокајќи преку високата ограда. Но, штом се спуштил во градината, се запрепастил и од страв се претворил во камен, затоа што старата вештерка стоела пред него.

Вештерката луто го прашала сопругот што прави во нејзината градина и како се осмелил да краде од зелената салата. Таа го нарекла крадец и му се заканила дека ќе му направи лоши работи. Кутриот сопруг паднал на колена и почнал да ја моли старата вештерка да се смилува на него. Тој објаснил сè – како жена му се разболела, копнеејќи по салатата до смрт, а тој немал друг избор освен да и донесе малку салата од оваа градина. Вештерката прво сомнително го погледна, а потоа се сожалила. Му рекла дека отсега може да бере зелена салата колку сака, но дека за возврат мора да и го донесе своето првородено дете. Рекла дека добро ќе се грижи за детето, па нејзиниот сопруг се согласил.

И токму во тоа време неговата сопруга забременила и набрзо родила убава и здрава ќерка. Девојчето имало многу убава златна коса па затоа тие ја нарекле Златокоса. И тогаш се појавила вештерката и го зела девојчето од родителите како што бил договорот.

Златокоса живеела со вештерката дванаесет години и пораснала во најубавото девојче што светот го видел. Имала долга златна коса која изгледала магично. И откако наполнила дванаесет години, вештерката ја однела во една висока кула и таму ја затворила. Кулата во која оттогаш живеела Златокоса немала ни скали, ни врата само еден прозорец на врвот.

Вештерката често ја посетувала девојката во кулата, а кога сакала да се качи во кулата, само и викала на Златокоса, а таа и ја пуштала нејзината златна и долга коса а вештерката ќе ја зграпчела косата и ќе се качела во кулата. Златокоса веќе била порасната во убава девојка. Нејзината коса била сè уште златна и многу многу долга.

Еден ден, еден млад принц влегол во шумата каде што се наоѓала кулата. Кога стигнал до кулата, одвнатре одекнало прекрасна песна. Песната веднаш го привлекла, како некаква магија, па го оставил коњот и се обидел да го најде влезот во кулата. Но, таму немало никаков влез.

Принцот набрзо се вратил во својата палата. Тој не можел да го заборави слаткиот глас на Златокоса, но не знаел како да влези во кулата, па секој ден одел таму и ја слушал нејзината песна. Седејќи под дрвото, еден ден и слушајќи песна, ја забележал старата вештерка како се приближува до кулата. Тој многу се изненадил кога видел дека таа и викнала на девојката, а таа ја спуштила косата со која вештерката се качила во кулата. Решил тој да го стори истото следниот ден.

И навистина, следниот ден принцот стигнал пред кулата и и викнал на Златокоса да му ја спушти косата. Таа го сторила тоа, а тој се искачил до неа во кулата. Златокоса била ужасно исплашена кога во собата наместо вештерката влегол принцот. Тоа било прв пат да види маж. Но, принцот потоа почнува нежно да и објаснува дека ја слушнал нејзината песна и затоа морал да ја види. Згодниот принц и се допаднал на Златокоса, па без размислување таа се согласила да се омажи за него откако тој ја запросил.

Златокоса и принцот се договориле тој да ѝ донесе свила од која ќе исплете јаже и така заедно да ја напуштат кулата. Тие се договориле тој да доаѓаат кај неа секоја вечер, откако ќе замине вештерката. И така, двајцата смислиле одличен план за кој вештерката не знаела ништо.

Но, еден ден брзиот јазик на Матовилка случајно ја откри нивната тајна. На вештерката и признала дека и било многу потешко да ја вовлече во кулата отколку принцот, па така старицата веднаш сфатила дека не е единствената што ја посетувала Златокоса. Вештерката многу се налутила и во налет на бес и ја отсекла златната коса на Златокоса. За да ја казни уште построго, ја однела Златокоса во пустината каде што морала да работи напорно за да преживее.

Истата вечер, вештерката решила да му наштети и на принцот, па ја залепила косата на Матовилка за прозорецот и го чекала принцот да се качи во кулата. Кога се појавил принцот, вештерката злонамерно скокнала пред принцот и рекла дека никогаш повеќе нема да ја види Златокоса бидејќи таа била неповратно изгубена.

Од голема тага, принцот изгубил рамнотежа и паднал од прозорецот во трњето што израснале покрај кулата. Принцот бил многу изгребан од падот и поради раните не можел да ги отвори очите, па изгледал како да е слеп. Така тој талкал низ шумата и плачел за својата сакана Златокоса. Тој не сакал да се врати во својата палата, па решил да талка низ светот додека не ја најде својата љубов.

По неколку години, принцот конечно залутал во пустината. За тоа време Златокоса ги родила своите две деца, близнаци ќерка и син. Талкајќи низ пустината, принцот слушнал позната песна и сладок глас. Веднаш го препознал пеењето на Златокоса, па побрзал кон неа. Златокоса веднаш го препознала својот драг принц и му се фрлила во прегратка. Нејзините солзи ги излечиле раните на очите на принцот, за тој повторно да гледа.

Принцот конечно успеал да ја одведе својата сакана Златокоса и нивните две деца со себе во неговата палата. Таму сите живееле среќно до крајот на животот во голема љубов која ниту старата, зла вештерка не можела да ја уништи бидејќи вистинската љубов секогаш го наоѓа својот пат до своите сакани.

Коментари