Некогаш одамна во една далечна земја, живееле крал и кралица. Тие многу се сакале и секој ден посакувале да имаат дете. Но, тие чекале и чекале со години и речиси се откажале од надежта.
Еден ден кога кралицата се капела во езерото, една жаба скокнала од езерото и и рекла на кралицата дека ќе и се исполни желбата – пред да помине една година, таа ќе добие мало девојче.
И како што претскажала жабата, така и се случило а кралицата родила толку убава ќерка што кралот не можел да ја задржи радоста и решил да ја приреди најголемата гозба што ја виделе во дворецот.
Не само што ги поканил роднините, пријателите и познаниците туку и самовилите да бидат љубезни и да го даруваат детето. Во неговото кралство имало тринаесет самовили, но бидејќи имало само дванаесет златни чинии за јадење, не можел да повика една од нив.
Прославата била најголемата што некој некогаш ја видел, а како што се приближувал крајот на прославата, самовилите му пришле на детето и секоја од нив му подарила по една доблест: едната убавина, другата најубавиот глас на светот, третата богатство и така натаму.
И кога единаесетата од нив го кажала својот збор, тринаесетата која била непоканета горела од желба за одмазда. Без поздрав и почит таа на цел глас го извикувала своето проклетство дека на петнаесетгодишна возраст принцезата ќе се прободе со вретено и ќе умре.
Таа не кажала ниту еден збор повеќе и само се свртела и излегла од салата. Сите биле преплашени од нејзините зборови.
Но, дванаесеттата самовила сè уште ништо не ѝ подарила на девојката, па се обидела да го спречи лошото пророштво. Но, таа не успеала во тоа. Така таа само го омекнала и рекла дека принцезата ќе се боцне на вретено, но нема да умре туку ќе заспие сто години. И целото царство ќе заспие со неа.
Кралот, сакајќи да го спаси своето дете од оваа несреќа, дал наредба да се запалат сите вретена во неговото царство.
Девојчето за тоа време пораснало, украсено со сите подароци на самовилите. И така таа била толку мила, скромна, драга, љубезна и паметна, што никој што ја видел не можел а да не ја засака.
Еден ден, кога веќе имала петнаесет години, кралот и кралицата тргнале на пат, а девојката останала сама во замокот. Талкала низ сите ќошиња, по сите одаи и салони, каде и да ја однесела нејзината фантазија, додека конечно не стигнала до старата кула.
Таа се качила на тесните кривулести скали што воделе до една мала врата. На бравата стоел зарѓан клуч. Љубопитна, таа го свртела клучот и вратата се отворила а таму во собата седела една старица со вретено, која вредно го вртела својот лен.
Девојката љубезно ја поздравила старицата и ја прашала што прави и што е тоа што го врти. Бидејќи кралот ги изгорел сите вретена во неговиот дворец, девојката никогаш не видела ниту едно од нив.
Го зела вретеното во раце и почнала да го врти, но штом го допрела се исполнило пророштвото од лошата самовила и таа и си го боцнала прстот. Веднаш и заспала. Таа паднала на креветот што бил таму и заспала во длабок сон.
И тој сон го зафатило и целиот замок. Кралот и кралицата, кои се вратиле и биле во големата сала, паднале во длабок сон а со нив и целиот дворец. Коњите во нивните штали, кучињата во дворот, гулабите на покривот, мувите на ѕидот замолкнаа и заспаа како и сите други.
Сè запрело, освен оградата од трн што растела околу замокот додека конечно целиот замок не бил скриен. И ништо не можело да се види од него освен малата кула на врвот.
Со текот на годините, низ целата земја кружеле гласини за прекрасната заспана принцеза. Од време на време доаѓале принцови и се обидувале да се пробијат низ оградата, но никако не успевале.Трњата се држеле цврсто, како силни раце.
Многу години по сите обиди, дошол принц кој слушнал од еден старец дека зад оградата од трње стои замок и дека таму сто години спиела една убава маѓепсана принцеза а со неа и кралот и кралицата и целиот двор.
На старецот му кажал неговиот дедо дека многу принцови се обиделе да поминат низ оградата од трње но никако да успеат.
Младиот принц рекол дека не се плаши да се обиде, дека ќе ги исчисти трњата и ќе ја најде убавата принцеза. Добриот старец се обидел да го одврати, но тој не сакал да слуша.
Никој не знаел дека стоте години завршуваат и дека доаѓа денот кога принцезата ќе треба да се разбуди. Кога принцот се приближил до живата ограда од трн, таа се претворила во жива ограда од прекрасни големи цвеќиња, кои се разделиле и се наведнале настрана за да го пропуштат, а потоа се затвориле зад него во дебела ограда.
Кога стигнал во дворот на замокот, видел како спијат коњите и кучиња, а на покривот седат гулаби со главите под крилјата. Кога влегол во куќата, мувите на ѕидот спиеле и се така било застанато.
Потоа се искачил уште повисоко и го видел целиот дворец како спие. Пред сè, на нивните престоли спиеле кралот и кралицата. Тој отишол уште подалеку, и сè било толку тивко што можел да го слуша сопственото дишење.
И најпосле стигнал до кулата, се искачил по кривулестите скали и ја отворил вратата од собата во која лежела принцезата. И кога ја видел толку убава во својот сон, не можел да го сврти погледот. Тој се наведнал и ја бакнал.
Штом нивните усни се допреле, принцезата ги отворила очите и го погледнала зачудено. Таа се заљубила во него на прв поглед. Кога стигнале во палатата, кралот, кралицата и целиот двор се разбудил и се погледнале сите зачудено.
И коњите во дворот станале, кучињата скокале и мавтале со опашките, гулабите ги рашилиле крилјата.
Кралот и кралицата веднаш и приредиле свадба на својата ќерка која сега ја нарекувале Заспаната убавица, а принцот и Заспаната убавица живееле среќно до крајот на животот.