Било многу студена зима и паѓале големи снегулки. Кралицата седела во прекрасната просторија на кралската палата покрај прозорецот од абонос и везела. Таа била замислена и во еден момент си го боцнала прстот со иглата и од прстот почнало да тече крв по што снегот на прозорецот станал црвен.
Во тој момент, кралицата помислила дека би сакала да роди прекрасно девојче, со кожа бела како снег, образи розеви како крв и коса црна како абонос. Нејзиниот сон се остварил. Поминала една година, а покрај себе имала мало девојче на кое и го дала името Снежана.
За жал, кратко по породувањето кралицата починала, а Снежана останала без својата сакана мајка. Таа живеела во палатата со нејзиниот татко, кој многу тагувал за нејзината мајка, но тој сакал покрај Снежана да има жена која добро ќе се грижи за неа. И така, кога Снежана имала само една година, нејзиниот татко повторно се оженил.
Новата кралица била исклучително убава, но многу суетна и арогантна. Сакала да им наредува на сите, а за себе мислела дека е најубавата жена на светот и дека нема поубава од неа.
Кралицата станувала сè пољубоморна на Снежана и секој ден на своето магично огледало го поставувала истото прашање: „Огледаце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?” Секој ден, огледалото и кажувало дека е најубава од сите, но еден ден огледалото и дало неочекуван одговор, сосема спротивен од она што кралицата сакаше да го слушне. Огледалото одговорило дека Снежана е најубавата на светот.
Кралицата била многу бесна и лута и се повеќе ја мразела Снежана. Од нејзината неизмерна омраза почнала да добива се повеќе брчки на убавото лице, а Снежана од ден на ден станувала се поубава. Кралицата решила да се ослободи од убавата Снежана на секој можен начин. Таа договорила фатален план со ловецот и му наредила да ја однесе Снежана што подалеку од неа за никогаш повеќе да не ја види. Како доказ, тој морал да ги донесе срцето и црниот дроб од Снежана на кралицата за да може кралицата да биде сигурна дека ловецот ја послушал нејзината наредба.
Така ловецот и Снежана тргнале кон густата шума. Снежана била пресреќна што била во природа, гледајќи ги големите дрвја околу себе и слушајќи како птиците пеат. Таа, целата разиграна и весела, немала поим какви се намерите на ловецот. Го видела како извадил остар нож од чантата и сакал да ја убие. Таа плачела и го молела да не ја убива и му ветила дека никогаш повеќе нема да се појави во дворецот. Ловецот се сожалил и ја пуштил да оди сама во шумата мислејќи дека и онака ќе ја изедат дивите животни.
Меѓутоа на враќање во замокот, ловецот наишол на дива свиња и мислел дека тоа е идеална можност да и ги донесе срцето и црниот дроб на кралицата како доказ дека се ослободил од Снежана. Тоа и го направил.
Уморна и уплашена, трчајќи низ шумата, Снежана наишла на мала осветлена колиба. Таа се прашувала кој живее во неа. Иако колибата била многу мала, Снежана одлучила да се одмори во неа. Целата исплашена викала од вратата да види дали има некој и дали може да влезе, но никој не одговарал па таа влегла во колибата бидејќи била отклучена. Колибата била многу чиста и сè било средено во неа.
Мислела дека влегла во куќа за кукли, сметајќи дека сè е толку мало. Во средината на колибата имало дрвена маса со седум столчиња, на масата имало седум мали чинии, седум мали лажици и вилушки и седум мали чаши. Имало и седум креветчиња наредени до ѕидот.
Снежана била многу гладна па зела парче леб од секоја чинија и испила малку млеко од секоја чаша, тоа било доволно за нејзината вечера. По вечерата, таа отишла да провери дали едно од седумте креветчиња е доволно големо за да може да спие во него. За срејќа едно од креветчињата било доволно големо за да ја собере за да спие во него.
Надвор било темно, а вредните џуџиња пеејќи се враќаа од рудниците. Кога влегле во колибата, сфатиле дека некој им ја изел вечерата и легнал во кревет. Ништо не им било јасно. Ја виделе убавата Снежана како слатко спие и си помислиле колку е убава.
Снежана се разбудила рано наутро и кога ги отворила очите, видела седум слатки џуџиња како ја набљудуваат со вљубени очи. Таа не се плашела а тие биле полни со прашања. Снежана им раскажала сè. Кога сфатиле што и се случило, и понудиле да остане да живее со нив, а таа возвратила така што секој ден ја чистела и средувала колибата и им готвила вкусни јадења.
Џуџињата секој ден оделе на работа во рудникот, а Снежана ги пречекувала весела и среќна со обилна вечера. Ја предупредиле во никој случај да не ја отвора вратата од кабината на непознати лица.
По некое време, кралицата дознала дека Снежана живее во шумата и решила да ја посети. Секако, бидејќи кралицата била злобна личност, решила да се маскира во старица за Снежана да не може да ја препознае кога ќе ја посети. Кога стигнала до колибата, се преправала дека продава убава стока. Снежана не одолеала и и ја отвори вратата од колибата. Сакала да го купи свилениот појас и така старицата појасот го врзала околу половината на Снежана. Додека ја врзувала, старицата толку силно го стегнала појасот што Снежана останала без воздух и паднала на подот. Старицата брзо истрчала од колибата, мислејќи дека конечно се ослободила од Снежана.
Џуџињата повторно тргнале кон колибата пеејќи, а кога влегле имале што да видат. Снежана лежела безживотно на подот а тие брзо и го одврзале свилениот појас што го имала околу половината. Ја замолиле никогаш повеќе да не ја отвора вратата од колибата на некој што не го познава.
Кралицата била пресреќна бидејќи мислела дека Снежана повеќе нема да биде најубавата на светот, но згрешила. Повторно го пршала огледалото која е најубавата на светот сега. Огледалото одговорило дека Снежана е сепак најубава. Кралицата повторно се налутила и решила да направи отровен чешел.
Се вратила во колибата и се преправала дека е старица која продава убави работи. Снежана повторно се сожалила и ја пуштила во колибата. Старицата инсистирала да ја исчешла, Снежана и дозволила, а штом кралицата ја исчешлала таа паднала на подот.
Кралицата побегнала во палатата, убедена дека овој пат успеала да се ослободи од Снежана.
Џуџињата се вратиле веднаш по заминувањето на кралицата и повторно виделе глетка која не им се допаднала. На Снежана и го извадиле отруениот чешел од косата, а таа веднаш се освестила. Тие биле тажни што Снежана повторно била излажана и последен пат ја предупредиле да не ја отвора вратата од колибата никому.
Кралицата немала мир и повторно го прашала своето волшебно огледало: „Огледалце, огледалце мое, кажи ми на светот најубав кој е?
Огледалото и одговорило: „Иако ти си многу убава, сепак Снежана е најубава!“
Во тој момент, кралицата помислила дека Снежана навистина мора да умре. И по трет пат тргнала кон колибата во која живеела Снежана и решила со себе да земе отруени јаболка за да и ги понуди на Снежана.
Откако стигнала до колибата и ја изненадила Снежана, таа веднаш и понудила отруено јаболко и ја наговорила да го јаде. Снежана се спротивставила и не сакала да го земе јаболкото. Лукавата кралица се понудила да изеде парче од јаболкото, докажувајќи дека јаболкото не е отровно. Таа ја одгризала неотровната половина, а на Снежана ѝ ја дала другата половина од јаболкото. Наивната и љубезна Снежана каснала од јаболкото и по само еден залак паднала на подот и повеќе не станала. Кралицата мислела дека конечно се ослободила од Снежана и се вратила во палатата.
Таа веднаш го прашала огледалото која е најубава на целиот свет и овој пат и го добила посакуваниот одговор. „Ти си најубава“, одговорило огледалото.
Кога џуџињата пристигнале од рудникот, ја нашле кутрата Снежана како неподвижна лежи на подот и биле преплашени. Се обиделе да ја разбудат, но се било залудно. Снежана лежела на подот. Џуџињата решиле да ја стават во стаклен сандак и така поминале многу години додека еден ден не се појавил еден принц во нивната колиба.
Еден ден, додека се возел низ густа шума, младиот принц сакал малку да се одмори. Тој наишол на малата колиба и ги прашал џуџињата дали тој и неговите слуги можат малку да се одморат. Кога влегол во колибата бил изненаден од глетката. Ја видел Снежана како лежи во стаклен сандак и веднаш се заљубил. Решил да ги замоли џуџињата да ја однесат во неговата палата. Отпрвин не сакале да дозволат, но се предомислиле. Принцот ги замолил своите слуги да му помогнат да го подигне стаклениот ковчег, еден од нив се сопнал и ковчегот се скршил. Во тој момент од ударот на Снежана ѝ испаднало парче од отровното јаболко од грлото и таа оживеала. И ете, чуда! Снежана била целата збунета и му кажала на младиот принц каква неволја ја снашла.
Принцот ја замолил Снежана да оди со него во неговата палата. Таа се збогувала со џуџињата и им се заблагодарила што добро се грижеле за неа. Не долго после тоа, тие се венчале. Свадбата била раскошна, а една од гостите била и злобната кралица, која дотогаш не ни знаела дека Снежана е жива. Таа го облекла својот најубав фустан и решила да оди во палатата. Но, прво го прашала волшебното огледало која е најубавата на светот. Огледалото одговорило дека Снежана е најубавата на целиот свет. Кралицата повторно се налутила и останала заклучена во својата соба.
Слугите сакале да ја проверат кралицата, но таа повеќе не била во собата. Таа исчезнала и никогаш повеќе не се појавила во дворецот.
Принцот и Снежана се венчале и живееле среќно и безгрижно до крајот на животот, а џуџињата редовно ги посетувале секоја недела.