Некогаш одамна, кога сè уште се исполнувале желбите, живеел еден крал кој имал многу убави ќерки, но најмалата била толку убава што дури и сонцето, кое видело толку многу од светот, секогаш се восхитувало кога ќе и го осветлело лицето. Недалеку од кралскиот замок имало голема темна шума, а во шумата под стара липа имало бунар. Кога било жешко, принцезата одела во шумата, седнувала на работ од ладниот бунар и таму, од досада играла со нејзината златна топка која ја фрлала и пак ја фаќала.Тоа и била нејзината омилена игра.
Но еден таков ден играјќи со топката таа удрила во земјата и паднала дирекно во големиот бунар. Принцезата била загрижена за нејзината златна топката бидејќи бунарот бил многу длабок и неможела да ја види топката во него. Таа почнала многу силно да плаче, нејзиниот плач бил се погласен и погласен.И додека таа така плачела, слушнала некој глас:
-Што е принцезо? Зошто плачеш? – рекла жабата.
Принцезата се свртела да види од каде доаѓа гласот, кога здогледала грда жаба како ја вади главата од водата.
-Ах, тоа си ти, стара жабо – рекла принцезата.
– „Еве јас плачам затоа што ми падна златната топка во бунаро“.
– „Смири се, не плачи“- рекла жабата.
– Ќе ти помогнам. Но, што ќе ми дадеш за возврат ако ти ја извадам играчката?
– Што и да посакаш, драга жаба, одговорила принцезата.
– Ќе ти ја дадам мојата облека, моите бисери и скапоцени камења, па дури и златната круна што ја носам.
А жабата на тоа и рекла:
– Не ми требаат твојата облека, твоите бисери и скапоцените камења, ниту твојата златна круна. Но, ако ме сакаш таква каква што сум,што ќе ти бидам придружник во игра и забава, што ќе седам до тебе на твојата малечка маса, ќе јадам од твојата златна чинија и ќе пијам од твојата чаша и ќе спијам во твоето мало креветче – ако ми го ветуваш тоа, ќе слезам во бунарот и ќе ти ја донесам твојата златна топка.
– Да да ќе го направам тоа, се согласила принцезата.
-Ќе направам се што сакаш, само ако ми ја донесеш топката. Но таа во себе си помислила: „Што зборува ова глупава жаба? Па, таа е жаба и живее во вода како може да биде пријател со мене?
Кога жабата го слушнала ветувањето, се нурнала со главата во водата, се спуштила во длабочините и веднаш повторно излегла на површината: ја внела топката во устата и ја фрлила во тревата. Принцезата многу се израдувала кога ја видела својата златна топка, па ја подигнала и скокнала од среќа.
– “Чекај , чекај застани принцезо!” – извикала жабата.
-Носи ме со тебе јас не можам така да трчам како тебе.
Но, ништо не и помогна залудно жавата викала по принцезата, кркајќи колку што можеше погласно. Принцезата не се грижела за тоа, туку побрзала дома и набрзо заборавила на кутрата жаба, која немала друг избор освен да се врати во својот бунар.
Следниот ден, кога принцезата седела на масата со нејзиниот татко крал и сите слуги и јадела од нејзината златна чинија, и кога нешто одеднаш почнало да се качува по мермерните скали и кога стигнало на врвот, тропнало на вратата и извика:
-Најмала принцезо, отвори ми!
Принцезата стрчала да види кој е надвор, но кога ја отворила вратата, пред неа седела жабата. Таа брзо ја затворила вратата, и повторно седнала на масата и тогаш ја обземал голем страв. Забележувајќи дека нејзиното срце забрзано чука, кралот ја прашал:
-Дете, од што толку се плашиш? Дали има некој џин кој стои на вратата, подготвен да те однесе?
-О не , одговорила таа – тоа не е џин, туку некоја грда жаба.
-Па што сака жабата од тебе?
-Ах, татко мој, вчера кога седев покрај бунарот во шумата и играв, мојата златна топка падна во бунарот.Многу плачев, па жабата ми ја извади топката од вода. И бидејќи таа бараше награда, ѝ ветив дека ќе ми биде придружник. Едноставно не мислев дека ќе може да излезе од својата вода. А сега е надвор и сака да дојде кај мене.
Но, по втор пат се слушнаа тропање и довик.
-Најмлада принцезо, отвори ми се сега, не знаеш ли што ми вети вчера покрај студениот бунар? Најмладата принцезо, отвори ми сега.
-Тоа што си го ветила, треба да го исполниш, рекол кралот.
-Оди и отвори ѝ.
Принцезата отишла да и ја отвори вратата, а жабата скокнала и ја следела сè до нејзиниот стол, каде што седнала и извикала:
– Подигнете ме до себе!
Но, принцезата не сакала да го направи тоа додека кралот не и наредил. Штом жабата седнала на столот проговорила:
– Донеси ми ја твојата златна чинија да јадеме заедно. Принцезата го направи тоа, но било јасно дека не е среќна поради тоа. Жабата ушивала па потоа рекла.
-Толку сум сита и уморна! Сега одведи ме во твојата мала соба и направи го твојот свилен кревет за да спиеме заедно.
Принцезата почнала да плаче, затоа што се плашела од студената жаба, која не се осмелила ни да ја допре, а сега еве ја мора да спие со неа во убави, чисти чаршафи. Но царот се налутил и рекол:
-Не смееш да го презираш оној што ти помогнал кога тебе ти требало помош.
Тогаш принцезата ја зела жабата со два прста, ја носела со себе и ја ставила некој ќош од нејзината соба. Но, кога веќе легнала во кревет, жабата скокнала воздивнувајќи:
– Уморен сум и би сакала да спијам како тебе, ајде крени ме или ќе му кажам на татко ти.
Тогаш принцезата се налутила, ја зела жабата и ја фрли кон ѕидот, луто велејќи:
– Сега ќе се смириш, одвратна жабо!
Но, кога жабата паднала на земја таа веќе не била жаба, туку принц со убави слатки очи. Принцот и раскажал на принцезата за тоа како една лоша вештерка го маѓепсала и дека никој не можел да го извади од тој бунар освен принцезата. И така тие легнале да спијат.
Другата ден се му раскажале на кралот а тој решил принцот да го направи сопруг на неговата ќерка. И така тие среќни заминале во домот на принцот и си живееле среќно до крајот на нивниот живот.