Еднаш одамна си живеела една убава девојка по име Пепелашка. Таа живеела со злобна маќеа и две грди полусестри. Маќеата била многу злобна, додека полусестрите себични и палави. Пепелашка морала да работи како слугинка по цел ден без ничија помош. Немала ни кревет каде да спие, туку морала да спие покрај каминот.
Одеднаш, од големата палата во која живеел кралот, стигнало покана до сите девојки да појдат на кралскиот бал за да може принцот да ја избере својата идна невеста. Маќеата на Пепелашка не ѝ дозволила да оди на балот а таа тајно ги гледала нејзините две полусестри како се подготвуваат и ги облекуваат најубавите балски фустани со насмевки на нивните лица.
Во тој момент пред Пепелашка се појавила добрата самовила. Со широко отворени очи и широко отворена уста, таа гледала како добрата самовила ги претвора малите глувци во големи коњи, а грдата тиква во убава кочија. И така, со помош на волшебно стапче, добрата самовила ја претвори искинатата облека на Пепелашка во прекрасен фустан. Пепелашка не можела да оди на балот без чевли, па добрата самовила мафнала со стапчето, а на нозете на Пепелашка наеднаш се појавиле стаклени чевли кои одлично и прилегале.
Пепелашка била пресреќна што можела да оди на балот во вистински фустан и убави чевли, но добрата самовила ја предупредила дека мора да се врати дома до полноќ бидејќи на полноќ ќе исчезнала сета магија.
Пепелашка се качила во кочијата, не размислувајќи за сите изненадувања што ја очекуваа… Светлиот фустан, стаклените чевли и девојката со убавото лице го маѓепсала принцот. Тој посакал да танцува со Пепелашка цела ноќ, но кога стрелките на часовникот се поклопиле и часовникот отчукал полноќ, таа морала да побегне од палатата во која се одржувал балот, оставајќи го принцот сам.
Додека трчала по широките скали на палатата, една од нејзините стаклени чевли паднала и останала на скалите, но Пепелашка не сакала да се врати да ја земе. Таа не сакала принцот да ја види во искината и валкана облека и боси нозе, па брзо истрчала до нејзината кочија за навреме да се врати дома. Таа морала да пристигне во нејзинот дом пред нејзината злобна маќеа и полусестрите бидејќи се плашела да не дознаат тие дека таа била на кралскиот бал и дека таа е таа што го шармирала принцот.
Принцот немал мир, се чудел зошто толку мила и добра девојка побегнала од балот и така тој смислил начин како да ја најде. Тој им наредил на своите слуги да тргнат во потрага по Пепелашка. Тие имале задача да најдат девојка која совршено ќе одговара на стаклената чевла.
Кога конечно стигнале во куќата на Пепелашка, ги пречекале злобните полусестри кои инсистирале тие да ја пробаат стаклената чевла. Едната полусестра ја пробала но чевлата и била голема. Другата сестра исто така ја пробала чевлата но таа и била многу мала неможела дури ни да ја облече. Бесни и лути, не сакале слугите да ја најдат Пепелашка, но за среќа таа излегла токму кога тие си заминувале и ги замолила да и дадат шанса да го проба чевелот. Стаклената чевла одлично и одговарала на Пепелашка а тогаш таа ја покажала и другата чевла која ја чувала.
Слугите веднаш ја однеле Пепелашка во палатата кај принцот каде организирале венчавка и живееле среќно до крајот на животот, како што заслужила Пепелашка.