Еднаш одамна си живеел еден крал со дванаесет убави ќерки, која од која поубава. Првата ќерка имала долга црна коса, втората имала големи сини очи, третата имала светло црвени усни, четвртата имала кадифено меко лице. Секој што ќе поминеше покрај нив ќе застанел да ја гледа нивната убавина.
Принцезите делеле соба, а креветите биле наредени во два реда, еден до друг. Тие сакаале да делат заедничка соба затоа што сакале да се дружат што е можно повеќе и да разговараат до доцна во ноќта. Кога легнувале, кралот ги посетувал и им посакувал добра ноќ, а потоа ја заклучувал вратата зад себе.
Едно утро кога кралот отишол да ги разбуди, видел нешто необично покрај секој кревет. Нивните сатенски чевли биле искинати, сите дванаесет пара. Ги прашал што се случило претходната вечер и каде биле, но тие само слатко се насмеале и рекле дека немаат поим што се случило со чевлите.
Ова се случуваше од ден на ден, а сатенските чевли се повеќе се кинеле. Кралот секогаш ја заклучувал вратата од соба навечер, но секое утро го пречекувале искинати чевли. Тој размислувал како принцезите можеле да излезат низ заклучената врата. Кралот се чуствувал лошо што морал да им купува нови чевли, но не толку поради парите туку поради тоа што неможел да разбере како тие излегувале надвор и се врајќаке со искинати чевли. Ниту една девојка не сакала да признае дека излегуваат секоја вечер.
Кралот секојдневно размислувал за нивните излегувања и бил сигурен дека ја нашол причината за нивното излегување. Бил убеден дека одат на бал и танцуваат до доцна во ноќта, додека не им се скинат чевлите. Но, сè уште го мачело помислата на заклучената врата и како секоја вечер успеваат да минат низ неа.
За да ја открие нивната тајна, тој објавил оглас дека оној што ќе дознае каде оделе неговите ќерки на танцување навечер, ќе добие награда. Наградата е брак на неговата најстара ќерка, а доколку не ја открие тајната во рок од три дена ќе мора да биде погубен.
Се појавил некој принц бидејќи наградата била примамлива. Тој преспал во палатата од кралот до одаите на принцезите, а кралот гледал се што се случува од неговата соба. Но, младиот принц не можел да остане буден цела ноќ и се разбудил само наутро. Принцезите сè уште спиеле во своите кревети, но покрај нив имало искинати чевли. Принцот останал да спие уште неколку ноќи во кралството, но за жал не можел да открие како принцезите си заминуваат низ заклучената врата. На крајот бил погубен затоа што тоа го барал кралот.
Голем број млади принцови сепак дошле во кралството за да ја откријат тајната што ја кријат убавите принцези, но и по три дена спиење во кралството не можеле да откријат ништо. И тие беа погубувани по наредба на кралот.
Било убав ден и во кралството се појавил убав војник. По пат сретнал една старица која го застанала и го прашала каде оди. Тој не ни знаеше каде оди, размислувал малку и ѝ рекол дека можеби само ќе оди да ја открие тајната што ја кријат принцезите. Старицата го предупредила во никој случај да не го пие виното што ќе му го дадат принцезите, а таа му дала волшебна наметка за да може да стане невидлив и така секоја вечер да следи каде одат принцезите.
Војникот се радувал и ѝ се заблагодарил на старицата за волшебната наметка, а ако не успеел да ја открие нивната тајна, би побегнал со волшебната наметка на себе.
И така тој отишол во царството каде што кралот го пречекал, исто како и другите млади момчиња досега. Му ја покажал собата во која може да спие и во тој момент пристигнала една од принцезите со вино. Војникот се преправал дека пие вино со надеж дека принцезата нема да го фати во лага. Откако го „испил“ виното, легнал во креветот и се правел дека спие.
Принцезите мислеле дека принцот длабоко спие од виното што му дале да се напие и во кое истуриле неколку магични капки. Се смееле, облекле долги фустани, се нашминкале и облекле сатенски чевли. Војникот се правел дека спие и слушал што се случува.
Најмладата принцеза претчувствувала и им рекла на сестрите дека е сигурна дека таа вечер ќе се случи нешто неочекувано. Најстарата принцеза ѝ рекла да не се грижи и дека се ќе биде во ред бидејќи никој од принцовите досега не ги открил, а ни војникот кој длабоко спиел.
Принцезите уште еднаш провериле дали војникот спие, а потоа најстарата принцеза тропнала три пати на дрвената рамка од нејзиниот кревет и се појавила дупка. Тие се спуштија низ отворот, а во меѓувреме војникот ја облекол магичната наметка и тргна по нив.
Додека трчал по принцезите, случајно згазнал на еден од нивните фустани и таа се исплашила. Но, сепак мислела дека една од сестрите случајно и се фатила за фустанот и продолжила понатаму.
Принцезите стигнале до прекрасна ограда од дрвја со сребрени лисја, а војникот реши да земе еден лист со себе за да може да му објасни на кралот каде бил. Се слушнал звукот на крцкање на гранчиња, а принцезите мислеле дека принцовите кои ги чекаат на балот пукале од пушките.
На патот до балот имало дрвја со златни и дијамантски лисја, а војникот откинал по еден лист од секое дрво за секој случај.
Принцезите стигнале до големото езеро и војникот видел дванаесет чамци со принцови во нив. Скокнал во последниот чамец, во кој била најмладата принцеза, а младиот принц почувствувал дека не може да весла толку лесно како минатиот пат кога ја веслаше принцезата.
Откако сите стигнале на другиот крај на брегот, војникот видел прекрасен голем замок во кој се одржувал балот. Сите влегле во салата и танцувле на распеана музика. Сè било во ред додека една принцеза не ожеднала. Сакала да се напие чаша вино, но војникот го испил виното пред неа. Таа повторно се исплашила. Постарата сестра успеала да ја убеди дека по грешка ја зела празната чаша.
Сите продолжиле да танцуваат до три часот наутро или додека не им се скинат чевлите. Потоа морале да се вратат назад кон кралството. Принцовите ги ставија принцезите во чамците и ги пренесле преку езерото. Ветија дека ќе се вратат следната вечер.
Пред да стигнат до замокот, војникот набрзина се качил по скалите и легнал во својот кревет. Тие не ни забележале дека војникот се помрднал од креветот и биле среќни што нема да ја открие нивната тајна.
Така, војникот секоја вечер одел на балот со нив, криејќи се под магична наметка. Уживаше во вкусното вино и пријатната музика. Последната вечер решил да го земе со себе бокалот со вино и заедно со листовите да му покаже сè на кралот. Кралот го покани на разговор, а принцезите слушаа сè. Војникот му го кажал на кралот секој детал за одење на бал во голем замок во близина на езеро и дванаесетте млади принцови.
Царот се налутил и им наредил на принцезите да појдат кај него да му објаснат се и да ја признаат вистината. Девојките признале се. Кралот му рекол на војникот да избере принцеза за мажење, а војникот ја избрал најстарата принцеза. Тие организирале голема свадба и играа цела ноќ.
Бидејќи нивниот татко бил повозрасен, војникот го презел неговиот престол и станал крал. Тој им помогнал на другите девојки да најдат принцови за да можат да се омажат и да живеат со нив на дворот. Војникот и најстарата принцеза имале дванаесет машки деца кои не сакале да танцуваат.