Еднаш одамна живеело едно прекрасно девојче чија мајка умрела. По смртта на нејзината мајка, нејзиниот татко повторно се оженил со жена за која мислел дека добро ќе се грижи за неговата ќерка. По бракот, жената во куќата ја донела својата ќерка, единствената што ја сакала.
Најпрво се грижела за девојчето, но по некое време жената ги покажала своето вистинско лице и почнала лошо да се однесува со неа.
Таткото не можел тоа да го поднесе, поради што му се слошило и по некое време умрел од тага. Кутрата девојка била оставена да живее со својата маќеа и полусестра.
Нејзината полусестра не била убава, а освен тоа била и крајно мрзелива. Не сакала да се занимава со домашните работи, па средувањето, чистењето и бришењето на подот и било многу напорно.
Откако починал таткото на девојчето, нејзината маќеа ја третирала сè полошо и полошо. Ја поставила да ги извршува домашните работи за да ја поштеди сопствената ќерка, но девојката била толку добродушна што тоа ни најмалку не и пречело.
Нејзината маќеа често и викала, а девојчето одело во нејзината соба да плаче, а потоа се враќало да продолжи да чисти за маќеата да не и се налути уште повеќе.
Нејзината маќеа не била единствената личност која била сурова кон неа, нејзината полусестра исто така почнала да се однесува лошо кон неа. Убавата и љубезна девојка немала време за одмор.
Кога сакала да одмори, нејзината полусестра постојано барала да и прави чај. После тоа, маќеата и наредувала да донесе вода од блискиот бунар, што девојката го правела тоа секој пат без прашање.
Девојчето секој ден одело до бунарот да земе вода. Еден ден почнало да и тече крв од прстите од толку предење.
На преденото останале крвави отпечатоци, а девојката се плашела да не го види тоа маќеата. Таа брзо го зела предивото и почнала да го мие. Во тој момент несмасно и се лизнало од раце и паднало во бунарот.
Малото девојче почнало многу да плаче и истрчало да и каже се на маќеата со надеж дека таа ќе разбере. Секако, маќеата мислела поинаку и ја вратила назад да го земе предивото.
Девојчето отишло до бунарот, размислувајќи како да го земе предивото, но немало друг избор освен да скокне во бунарот, кој бил длабок и полн со студена вода. Таа изгубила свест при падот во водата.
Кога ги отворила очите по долго време, сфатила дека не е во бунар полн со вода, туку во пространа ливада полна со шарени цвеќиња.
Таа неколку пати погледнала наоколу и била пресреќна што е жива. Сонцето сјаело на блиската куќа и девојката тргна кон неа со надеж дека ќе запознае добра личност.
На пат кон куќата забележала фурна за леб. Таа зеде голема лопата и го извади целиот леб од рерната и го зеде со себе. Така одеќи стигнала и до едно големо дрво полно со круши и успеала да ги набере и продолжила по патот кон малата куќарка.
Конечно стигнала до малата куќичка и здогледала збрчкана старица со големи заби како ја гледа од прозорецот. Старицата веднаш ја поканила во куќата, ѝ и рекла да не се плаши од нејзиниот изглед и да се чуствува исто како дома.
Таа се претставила како баба Зима. Таа и објаснила дека ако помогне во домашните работи, двете добро ќе се сложуваат. На баба Зима најважно и било да се истресат перниците од пердуви бидејќи тогаш ќе паѓало снег на земјата.
Бабата го прашала девојчето како стигнала до нејзината куќа. Девојчето и раскажало се што се случило.Тие вечерале заедно и отишле да спијат.
Утрото појадувале заедно, а по појадокот девојката добро ги затресла перниците за да падне снег на земјата. Баба Зима била пресреќна, а девојчето било задоволно што живее со баба која била љубезна и мила кон неа.
Со текот на времето, на девојчето почнало да и недостасува дома, иако таму била искористувана и навредувана.
Еден ден решила да и се довери на баба Зима и и кажала дека навистина и недостасува домот, местото каде што е родена и поминала убави моменти со родителите. Сакала што побрзо да се врати, а баба Зима имала разбирање.
Тие две полека тргнале кон шумата и наишче на голема врата зад која бил горниот свет. Бабата плеснала со рацете, вратата се отворила и златници почнале да паѓаат врз малото девојче.
Девојчето се збунило и ја прашало баба Зима што се случува. Тоа било награда од баба Зима за малото девојче затоа што било добро и послушно. Девојчето никогаш повеќе немало да биде сиромашно.
Баба Зима имала уште нешто за неа. Тоа било предивото што девојчето го испуштило во бунарот, исчистено од дамките од крв. Вратата се затворила и баба Зима исчезнала. Девојчето мислело дека сонува, но сепак имало многу златници со себе.
Оддалеку го здогледала својот дом и потрчала кон него. Таа со нетрпение чекала да ја види својата прекрасно уредена градина. Маќеата ја видела и многу се израдувала бидејќи девојчето носело многу златници.
Отпрвин маќеата мислела дека девојчето се удавило во бунарот, но кога сфатила дека носи златници со себе, била воодушевена. Љубопитната маќеа прашала од каде има толку златници, а наивното девојче и ја раскажало приказна за баба Зима и нејзината награда.
Маќеата помислила дека мора нешто да направи и решила да ја испрати другата ќерка кај баба Зима, за и таа да се врати со златниците. Таа смислила план да ја натера својата ќерка да скокне во бунарот.
Таа ѝ го дала предивото во рака и и го боцнала прстот со игла и го фрлила во длабокиот бунар. Таа и викала на ќерка си брзо да скокне во бунарот, но таа не се осмелила да го направи тоа. Таа се спротивставила со сите нејзини сили и врескала по мајка си, а нејзината мајка на крајот морала да ја турне во бунарот.
Кога се разбудила, се нашла во зелена ливада полна со шарени цвеќиња исто како нејзината полусестра. Истрчала кон куќата на баба Зима и по пат нашла шпорет со леб, но таа не сакала да го земе. После тоа поминала покрај крушата, но не сакала да ги собере ниту од подот.
Кога стигнала кај баба Зима, таа влегла без да тропне, а пред неа се појавила постара жена со големи заби. Девојчето не се исплашило.
Баба Зима и кажала кои се нејзините должности, а девојчето направило се што и кажала баба Зима. Знаела дека ја чека вредна награда, па не се побунила.
Но, бидејќи девојчето било мрзеливо, тоа не траело долго. Девојчето дури и не ги затресувало добро перниците па затоа и не паѓало снег.Се промениле годишните времиња на земјата и децата не биле во можност да уживаат во радостите на зимата.
Баба Зима не била среќна, куќата и станувала сè понеуредна и решила дека девојчето мора да замине. Девојчето мислело дека конечно ќе си оди дома со златниците и ќе живее како принцеза без да прави ништо.
Баба ја однела до вратата, а кога таа се отворила смола паднало врз девојчето. Баба Зима и рекла дека тоа е нејзината награда, ја затворила вратата и исчезнала.
Таа се упати кон куќата. Баба Зима ја награди со толку многу смола што не можела да ја тргне од себе цел живот.
Доброто девојче повеќе не сакало да живее со својата полусестра и маќеата. Ја купила најубавата куќа со прекрасна градина и живеела таму среќно до крајот на животот.